Поради големата суша која ја погоди Италија, Советот на министри прогласи вонредна состојба во пет региони во оваа земја. Одлуката ќе остане на сила до 31-ви декември 2022 година, а на располагање се 36,5 милиони евра за прва помош и обнова на мрежната инфраструктура.
Со овој потег се регулира трошењето на средства и овластувањата, во врска со интервенциите и помошта за загрозеното население, како и враќање на функционалноста на јавните услуги и стратешката мрежна инфраструктура, работењето на конзорциумите за мелиорација и наводнување и сл. Во план е и донесување на законска регулатива за зајакување и адаптација на водната инфраструктура.