Насловна / Вести / Најстариот споменик во Рим? За испорака на 455 тони тешкиот споменик биле задолжени три брода со стотици веслачи

Најстариот споменик во Рим? За испорака на 455 тони тешкиот споменик биле задолжени три брода со стотици веслачи

Базиликата „Св. Jован Латерански“ во Рим (Basilica di San Giovanni in Laterano), е најстарата базилика во Рим, а воедно и една од најстарите и најголеми градски цркви. Изградена е во 324-та година, но во 14 век е сериозно оштетена во два големи пожари, по што во 17-тиот век започнува процес на реконструкција и го добива денешниот изглед. Туристите се импресионирани од нејзиниот изглед, препознатлив по бројните скулптури на покривот, но и раскошната внатрешност, но она што е помалку препознатливо е огромниот обелиск во нејзина близина. Тоа е Латеранскиот обелиск и е постар од самата базилика. Научниците проценуваат дека станува збор за најстариот споменик во Рим. Обелискот стигнал од Египет, а се смета за најголем досега откриен антички обелиск. Оригинално бил висок 32 метри и тежок 455 тони.

laterano1

laterano2

За неговата испорака биле задолжени три брода со стотици веслачи, а потфатот бил сам по себе монументален. Изграден од црвен гранит и препознатлив по хиероглифите и пирамидалниот врв кој на себе носи крст. Во тоа време обелискот е поврзуван со култот кон богот на Сонцето. Освојувачите не се обидувале да го земат овој споменик бидејќи сметале дека ќе ги навредат боговите. Иако во тоа време  ваквите споменици се поставувале во парови, овој останал сам. Градот Карнак од каде потекнува е познат по рушевините на комплекси храмови посветени на различни богови, а денес се дел од наследството на УНЕСКО.

laterano3

 

Испрати коментар

Scroll To Top