Насловна / Архитектура / Претставен проектот за преуредување на околина на Нотр Дам

Претставен проектот за преуредување на околина на Нотр Дам

Паралелно со работите на реставрација на познатата Нотр Дам, кои се во тек, градот Париз распиша конкурс за проект за преуредување на непосредната околина на катедралата.

Жирито го прогласи победникот на конкурсот на крајот на јуни, тим предводен од пејзажниот архитект Bas Smets од Белгија.

2

Проектот, чија реализација треба да започне во 2024 година, подразбира реконструкција на просторот на плоштадот, подземниот паркинг, како и археолошката крипта, плоштадот Жан XXIII, кој се наоѓа зад катедралата, но и реконструкцијата на брегот на реката Сена и соседната улица.

Овој обемен потфат има за цел да ги врати Парижаните во срцето на Париз и да ги пречека 12-те милиони туристи кои секоја година ја посетуваат француската престолнина во подобри услови.

1

Проектот, развиен од пејзажниот архитект Bas Smets, со архитектонските фирми GRAU и Neufville-Gayet како соработници на проектот за културно наследство, нуди можност за разгледување на катедралата, како и развивање на обновен однос со реката Сена.

Плоштадот пред катедралата е проектиран како отворен простор опкружен со зеленило, што ќе ја нагласи источната фасада на Нотр Дам, а околните дрвја ќе обезбедат сенка за седење.

3

Исто така, замислено е периодично да тече тенок слој вода за да го олади предворјето во период на високи температури, а во исто време да се создава ефект на рефлексија.

„Веќе 800 години Нотр Дам беше привилегиран сведок на трансформацијата на градот, а сега со повторно размислување за неговата околина, се преиспитуваат јавните простори на кои ќе гледа во иднина“, изјави Bas Smets за ArchDaily и додаде: „Урбани фигури како што се предворје, плоштад, траса и брегови на река се присутни околу катедралата, но на фрагментиран начин. Проектот го открива квалитетот на секое место и ја испитува секоја од фигурите од двоен агол, колективот и климата“.

4

Плоштадот зад катедралата, кој во моментов е поделен со жива ограда, ќе стане широк континуиран јавен простор кој се отвора кон апсидата на катедралата.

Градините на југ и постоечките дрвја ќе се интегрираат во голем парк покрај реката, долг 400 метри, бидејќи се планира да се засадат уште 131 нови стебла.

5

Постојниот подземен паркинг, кој се наоѓа под сегашниот главен плоштад, се предлага да се пренамени во внатрешно шеталиште и во него ќе биде сместена приемната зона на Нотр Дам од над 3.000 квадратни метри, која ќе нуди пристап до археолошката крипта и ќе има излез кон Сена.

6

7

Од мај до ноември минатата година, беше спроведена опсежна јавна консултација за иднината на околината на Нотр Дам.

Проектот се заснова на три методи на здружување на граѓани, кои интервенирале на различни нивоа на напредок во развојот на проектот: примарна консултација, на која била поканета пошироката јавност, потоа граѓанска комисија и колегиум на граѓани, повикани како дел од жирито.

Градот Париз има за цел да започне со реализација на проектот во 2024 година, а работите да завршат до 2028 година.

10 8 9

Испрати коментар

Scroll To Top