Насловна / Вести / Daikin Europe инвестира 300 милиони евра во нова полска фабрика за топлински пумпи

Daikin Europe инвестира 300 милиони евра во нова полска фабрика за топлински пумпи

Daikin Europe NV, објави дека ќе вложи 300 милиони евра во формирање на нова фабрика во Лоѓ во Полска. Тоа ќе биде првата производна база на компанијата во оваа земја. Новата фабрика ќе произведува единици за топлински пумпи за домаќинствата и ќе започне со работа во мај 2024 година. Оваа инвестиција е дел од стратешкиот план вреден 840 милиони евра под името FUSION 25 на компанијата Daikin Europe, објавен минатата година.

daikin1

 

„Со Зелениот план на ЕУ европските лидери поставија јасен пат за климатска неутралност на Европа до 2050 година. Програмата Fit for 55, како и неодамнешниот план REPowerEU, ги интензивира напорите за намалување на емисиите и зависноста од фосилни горива во Европа. Топлинските пумпи имаат клучна улога во постигнување на овие амбиции, па во годините кои доаѓаат очекуваме нивно масовно прифаќање. До 2025 години се очекува инсталирање на најмалку 3 милиони топлински пумпи годишно, што претставува годишна стапка на раст од околу 30%“, велат од компанијата Daikin.

daikin2

Испрати коментар

Scroll To Top