Насловна / Вести / Граѓаните на Србија, Германија, Чиле, Португалија и Шпанија против експлоатацијата на литиум

Граѓаните на Србија, Германија, Чиле, Португалија и Шпанија против експлоатацијата на литиум

Јадарската декларација за меѓународна солидарност во борбата против експлоатацијата на литиум и за заштита на животната средина, потпишана е во Србија од страна на девет невладини организации од Чиле, Германија, Португалија, Србија и Шпанија, Документот претставува основа за меѓусебна поддршка, соработка, размена на информации и конкретна помош против екпанзијата во експлоатацијата на литиум и други облици на користење на ресурсите штетни по животната средина.

jadarska1

Симболично оваа декларација е потпишана токму во местото кое стана познато по отпорот на мештаните и масовните протести против проектот „Јадар“ за вадење на јадарит и рудникот за литиум на „Рио Тинто“ во Србија. Истакнато е дека Јадарската декларација има за цел вклучување на целокупната јавност, активистите и другите организации во цврста меѓународна мрежа на организации за создавање на неопходната поддршка на секој поединец во реализација на универзалното човеково право на здрава животна средина. Потписниците на декларацијата исто така сметаат дека солидарната мрежа е нужна поради моменталните недостатоци на институциите, но и односите помеѓу државите. Почетната идеја била да се создаде меѓународна мрежа на организации првенствено од земјите во кои се експлоатира литиум, а која првенствено ќе служи за размена на информации. На тој начин ќе се има подобар увид која компанија што и каде експлоатира, овозможувајќи меѓусебна поддршка на активистите и поголемо внимание на јавноста.

jadarska2

Испрати коментар

Scroll To Top