Насловна / Вести / Грција и Бугарија го отворија гасоводот IGB

Грција и Бугарија го отворија гасоводот IGB

Премиерите на Грција и Бугарија симболично го отворија вентилот на новиот гасовод IGB. На него сметаат и земјите од Западен Балкан, бидејќи сакаат да се снабдуваат со гас од Азербејџан и од терминалот за Течен природен гас во Александрополис. Овој гасовод е долг 182 километри, од Комотини во Грција до Стара Загора во Бугарија.

igb1

Inauguration of the Interconnector Greece-Bulgaria (IGB) gas pipeline, that will carry gas from Komotini to Stara Zagora in Bulgaria, in Komotini

IGB во првата фаза ќе има капацитет за испорака на 3 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување на 5 милијарди. Рокот за започнување со комерцијална работа е 10-ти октомври. Оваа интерконекција ќе се полни со гас од Азербејџан преку Трансјадранскиот гасовод (TAP). Европската унија го стави IGB меѓу проектите од заеднички интерес, а во двете земји е прогласен за приоритетен проект. Со овој проект Бугарија за прв пат ќе добива гас од друг извор освен од Русија.

igb3

 

Испрати коментар

Scroll To Top