Насловна / Вести / Мрачната страна на зелената енергетика – поход на ресурсите на глобалниот југ

Мрачната страна на зелената енергетика – поход на ресурсите на глобалниот југ

Вртоглавиот раст на побарувачката од батерии и ветерни турбини за енергетската транзиција, го зголемува притисокот врз сиромашните земји во кои се наоѓаат потребните суровини. Тоа ја загрозува животната средина и им се заканува на овие земји враќање во колонијално време. Систематското извлекување на суровини од Африка, Латинска Америка, Азија и Блискиот исток веќе го направи развиениот дел од светот исклучително богат и го остави глобалниот југ на маргините на глобалната економија, вели Cobus van Staden, директорот на управата на China Global South Project. Во својата колумна за Foreign Policy предупредува дека зелената револуција има една валкана тајна –  глад за ресурси од сиромашните земји.

dirtysecret1

 

Европската унија има намера најдоцна до 2035 година да ги забрани новите автомобили и лесните комерцијални возила на бензин и дизел, што ќе биде уште еден крупен чекор во трансформацијата на автомобилската индустрија. Затоа побарувачката на батерии за електрични возила и складиштење на енергија веќе вртоглаво расте. Van Staden истакнува дека нема начин да се произведе доволно литиум, никел, кобалт, манган, паладиум и други материјали неопходни за бетерии како и дека нивната експлоатација ги инволвира можеби највалканите технологии на светот. Дотолку повеќе, трката на големите економии во областа на енергетската транзиција се заканува да ги обнови колонијалистичките односи, додал тој. На тој начин, тие се борат да го обезбедат својот, а не просперитетот на Африка.

dirtysecret2

 

Притоа, тој укажува на примерот нa Конго, каде се наоѓаат најголемите резерви на кобалт во светот. Во 2016 година, кога цената на овој метал беше релативно ниска, Кина тргна во инвестициск офанзива. Компаниите од оваа земја сега контролираат 60% од светските резерви на кобалт и 80% од капацитетите за преработка. Тоа ги поттикнало САД да дадат субвенции за својата индустрија на батерии, и да го побараат своето место под конгоанското сонце, а од Европската унија доаѓаат слични сигнали. Ниту едната ниту другата страна сеуште се без поголем успех во оваа африканска земја. Некои гледаат прилика за западните компании во ветувањето за поголем локален развој во Конго преку потенцијални спогодби. Кинеските рударски компании се соочуваат со обвинувања дека таму ги влошиле и онака ниските стандарди во областа на работничките права и заштитата на животната средина. Но, ниту западњаците немаат блескава репутација. На пример, покрај името на швајцарскиот гигант Glencore се поврзуваат низа скандали со кршење на човекови права и корупција. Некои држави се обидуваат да го прекинат овој тренд и да го зголемат својот удел на богатството од енергетската транзиција. Индонезија во 2020 година го забранила извозот на руда на никел, со што ги приморала инвеститорите таму да ги преселат своите постројки за преработка. Меѓутоа, за спроведување на таквата политика има препреки како на пример слабата обученост на работната сила и лош квалитет на логистичките мрежи.

dirtysecret3

Несомнено, материјалите за батерии, ретките метали, па дури и бакар добиваат стратешка улога која може да се спореди со она на нафтата. Ed Conway, уредник за економија во Sky News, вели дека непријатна вистина е дека за производство на тие суровини ќе биде потребно поинтензивно рударење, употреба на експлозиви и лужење на рудите. Борбата со климатските промени ќе трае со децении, можеби и со векови. Консултантската куќа Wood Mackenziе пресметала дека за еден мегават моќност од ветерни електрани потребно е 15 тони бакар. Банката Goldman Sachs смета на зголемување на побарувачката за бакар за четири до девет пати во наредните децении.

Испрати коментар

Scroll To Top