Првиот голем климатски стрес тест на Европската централна банка, покажува дека банките во евро зоната се соочуваат со удар од 70 милијарди евра поради зачестените појави на природни катастрофи и големи промени ширум различните индустрии. Оваа бројка ги опфаќа кредитните и пазарните загуби според најлошото сценарио, кое вклучува суши, големи жештини и поплави.
Во извештајот се предупредува дека овој резултат„значајно ги потценува“ реалните ризици поврзани со глобалното затоплување, делумно затоа што климатските шокови не се проследени со општ економски пад и бидејќи се ограничени на специфични портфолија. Европската централна банка исто така открива дека 60% од банките сеуште немаат финансиска рамка за климатските ризици.