Куќа обоена во бело, обликувајќи цик-цак силуета, подигната е на челични столбови за да изгледа како да лебди во воздух во бразилската бујна шума.
Наречена Casa Açucena, куќата од 500 квадратни метри проектирана е од бразилското биро TETRO Arquitetura. Куќата се појавува како „бел цвет“ во сред природа во контраст со шумата. Сместена е во бујна природа на атланска прашума. Casa Açucena е опкружена со дрвја, со големи листови, грмушки, птици и диви животни, а самата топографија била предизвик за архитектите бидејќи има стрмна падина, карактеристична за регионот Нова Лима во Minas Gerais во Бразил.
Целта на архитектите била да проектираат куќа која може да одговори на чувствителното читање на местото. Карактеристиките на теренот биле клучните принципи за интегрирање со куќата со цел да се одржат природните карактеристики на локацијата.
Куќата е подигната на 15 метри од земја за да остави минимален траг на природата и да го поттикне чинот на гледање горе, според бирото.
„За создавањето на концептот одлучувачки беше чинот на гледање нагоре, од земјата до крошните на дрвјата, издигнати до петнаесет метри над нивото на земјата“, велат од TETRO Arquitetura.
„Како да се гради на место со толку стрмна топографија, а притоа да се зачува изворната природа? Како на станарите да им се овозможи секојдневно искуство да гледаат нагоре и да го видат небото низ крошните на дрвјата“.
„Тоа беа прашањата што ги водеа сите проектантски одлуки“, додаваат архитектите.
Исто така додаваат дека „почетното разбирање дека архитектурата треба да се обликува според теренот, а не обратно, беше појдовна точка“.
„Куќата се издига над земја, а под неа се развива животинскиот и растителниот свет“.
Програмата на куќата се обликува со зафаќање на празните простори меѓу стеблата во целосно бели кутии застаклени од подот до таванот. За време на изградбата, студиото не отстранило ниту едно дрво на локацијата, така што природата на топографијата не се променила.
Бирото го опишува проектот како „уметноста и природата во совршена хармонија“.
„Од овој момент, никаков избор или одлука за проектот не е донесена по вкус или волја на архитектот. Сè е одговор и се е наменето е да го зајакне концептот“, додаваат од бирото.
Куќата е обоена во бела боја, за да ги изненади оние кои ќе пристигнат. Нејзините челични столбови се рандом поставени и се претопуваат со стеблата, така што куќата изгледа како да лебди во бујна шума.
Куќата има флуидна основа, резултат на програмата да се завземе просторот меѓу дрвјата. Отворите и наборите во плочата се создадени за да овозможат поглед на врвовите на дрвјата, да ја генерираат волуметријата.
„Архитектурата е складно вклопена со природната вегетација, но го задржува своето присуство. Изненадување и новост се вредности својствени за уметноста. Casa Açucena се претставува како бел цвет среде природата“, додаваат од бирото.