Volkswagen групата започна да ја гради својата прва фабрика за батерии за електрични автомобили во Европи, а ќе следуваат и други во иднина. Целта на тој водечки германски производител нa автомобили е да вработи 20.000 луѓе во Европа, а во својата нова фабрика за производство на батерии PowerCo во Salzgitter околу 5.000 вработени. Исто така, се разгледува и можноста за изградба на фабрики во Северна Америка. PowerCo ќе управува со најголемиот дел од бизнисот на Volkswagen со батерии, вклучувајќи го и целиот вредносен синџир од набавка на суровини до производство и рециклирање. Новата фабрика би требало да започне со производство на батерии во 2025 година, имајќи предвид дека производството на мотори со внатрешно согорување постепено се укинува.
Другите фабрики за батерии кои VW ги планира во Европа, имаат слични цели. PowerCo го изграл северниот шведски град Skellefteå и Валенсија во шпанија како нови локации за фабрики. За другите локации допрва треба да се одлучува.