После повеќе од една година денеска започна асфалтирањето на една од најраскопаните улици во Делчево, „Никола Јонков Вапцаров“. Улицата на која повеќе од една година владееше тотален хаос и која беше раскопана, со многу големи дупки и камења и која требаше да се реконструира уште пред локалните избори минатата година, конечно ќе добие нов асфалт.
Денеска по неколкудневни најави започна долго очекуваното асфалтирање на улицата „Никола Јонков Вапцаров“ во централното градско подрачје. Сообраќајот на улицата додека се поставува новиот асфалт ќе биде во прекин, а се очекува да биде завршена во следните два до три дена.