Барселона отвори околу 200 климатски засолништа. Имено, општинските објекти и јавни простори во овој град, во текот на летото, поточно до 15-ти септември, се претворени во засолништа од екстремните жештини. Станува збор за објекти како библиотеки, музеи и спортски центри, кои се климатизирани. Местата се добро распоредени со максимално растојание од 10 минути пеш.
Барселона тежи да стане град по мерка на жителите. Трансформацијата која ја започнаа со суперблоковите, проект со кој делови од градот се претвораат во зелени површини, шеталишта и места за дружење. Покрај суперблоковите и климатските засолништа, Барселона, втор по население град во Шпанија и еден од најпосетените во Европа, станува идеално место за живот, работа и одмор.