На 125тата годишнина, Kömmerling се позиционира кон иднината со преуредување на својот бренд. Одржливоста е суштината на новото позиционирање и на филозофијата на брендот. За Kömmerling, ова не се само еуфонични и декларативни заложби, туку се работи за реално преземање на акција денес и носење на правилни одлуки за иднината. Всушност целосно новиот имиџ на брендот и новиот визуелен идентитет ја прави видлива оваа промена и ја доближува новата филозофија поблиску до јавноста.
ОДРЖЛИВ ЦИКЛУС
Д-р Питер Мрошик, сопственик и извршен директор на Profine ја објаснува позадината на ребрендирањето и вели: „Да се носиме со нашата одговорност значи да ја заштитиме иднината. Од нас, лидерите во индустријата на нашето време, зависи да направиме разлика денес. Како решителни и амбициозни чинители, имаме сила и волја да испорачаме позитивни промени во сè што правиме. Но, ние сакаме да бидеме повеќе од пионери, сакаме да бидеме и пример за другите. За сите кои, како нас, се чувствуваат подеднакво посветени и способни да се спротивстават на овој голем предизвик. Нашата цел е да создадеме одржлив циклус за висококвалитетни производи направени од синтетички материјали. Денеска ги развиваме вистинските решенија за утре и поставуваме стандарди за иднина за која вреди да се живее. Ова е она за што се залага нашиот бренд Kömmerling“.
ЈАСНА ВИЗИЈА
Новиот бренд Kömmerling на овој начин пренесува јасна визија и јасен став кој сака да направи разлика и кон своите клиенти и на целиот пазар и го нагласува одржливото значење на нивната работа за над 3.000 вработени. Целта е: Не чекајте некој друг да промени нешто што можете сами да го промените. Денес за утре – оваа порака станува централно јадро на брендот, што се рефлектира во сите мерки за комуникација на производи, имиџот и содржината на социјалните медиуми и притоа ги става во фокус прашањата на одговорноста и одржливоста.
НОВО ЛОГО И НОВ СЛОГАН
Новото лого на Kömmerling е најјасниот видлив знак за ова престројување, а ги прикажува природните елементи како сонцето и водата во апстрактна форма и го отелотворува кружното движење. Топлите бои го претставуваат животот, будењето и иднината. Овие елементи го карактеризираат и револуционерниот корпоративен дизајн. Карактеристиките на дизајнот вклучуваат нова слика и шема на бои, како и дизајн со заоблени линии. Со овие независни визуелни елементи на брендот, Kömmerling се издвојува од конкуренцијата во своите комуникации.
Новиот слоган е тематската и емотивната рамка за новиот изглед. Во само три збора, ја сумира пораката на брендот и насоката за која се залага Kömmerling: Денес за утре.
„Kömmerling – ова не се само висококвалитетни производи. Ова е став. Работиме за да обезбедиме одржлива иднина. Ова беше нашата мисија од почетокот кога ја презедов компанијата во 2012 година. И ние ќе продолжиме да го правиме тоа – ден по ден. Тоа е моето ветување“, потврдува д-р Петер Мрошик и јасно го трасира идниот пат на брендот Kömmerling.
* * * * *
Profine GmbH – International Profile Group – е водечки светски производител на PVC-U профили за прозорци и врати и познат снабдувач на системи за ролетни и ПВЦ материјали. Со своите брендови KBE, KÖMMERLING и TROCAL, Групацијата ги пласира своите производи во повеќе од 100 земји и има одлична меѓународна позиција на 29 локации во 23 земји. profine Group произведува во производствени погони во Германија, Франција, Италија, Шпанија, Босна и Херцеговина, Русија, Индија, Обединетото Кралство, Украина, САД и Кина, со седиште во Троисдорф, Северна Рајна-Вестфалија и платен список од над 3.000 вработени лица.
Комерцијален текст