Според официјалното соопштение на германскиот концерн, потпишано е партнерство 50:50 со цел соработка во развојот, изградбата и експлоатацијата на ветерни фарми покрај грчкиот брег. Партнерството добива и дополнително значење во светло на моменталната цел на Грција за 2 GW оперативни ветерни офшор капацитети до 2030 година.
RWE веќе има партнерство со гршката јавна компанија Public Power Corp. (PPC или DEI) за 2 GW во соларни електрани. Министерството за животна средина и енергетика на Грција, имаше за цел да ја комплетира регулаторната рамка за офшор, но се доцни со оваа иницијатива. Сега се соопштува дека се е подготвено и дека подоцна во текот на месецот процедурата ќе помине во парламентот, потенцирајќи дека се вклучени најдобрите практики од најразвиените пазари за овој вид енергија, како Данска и Холандија.