Насловна / Вести / Првите контејнери со линдан од Охис тргнаа накај Франција

Првите контејнери со линдан од Охис тргнаа накај Франција

Првите седум контејнери со чист  HCH, секој од нив тежок по 22-26 тони, вчера попладне излегоа од Охис и тргнаа на пат кон Солунското пристаниште од каде ќе заминат за Франција.

Со ова започна транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од пораншниот индустриски гигант Охис.

2_resize

Од канцеларија за комуникација на Министерство за животна средина и просторно планирање соопштуваат: „Како што беше посветено посебно внимание на безбедноста на самиот процес на ископување на линаданот и неговите изомери складирани во малата депонија на поранешниот гигант Охис, исто така координирано, прецизно и крајно внимателно, со особено залагање на искусни професионалци  кои си ја знаат својата работа до најситен детал, беше извршана подготовката за транспорт што подразбира пакување и товарање и самото транспортирање.

3_resize

Целиот процес се водеше со посебна внимателност и почитување на меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелска Конвенција и сега е најважно оваа пратка да стигне безбедно до крајната дестинација.

1_resize

Во наредниот период уште 20 контејнери ќе бидат товарени и транспортиртани од државата со што завршуваат активностите опфатни со ГЕФ проектот што се реализаира преку  УНИДО. Но, ископот во континуитет ќе продолжи со користење на средства од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина специјално формиран за чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС во сорабoтка со UNOPS“.

4_resize

Испрати коментар

Scroll To Top