Насловна / Архитектура / Гордоста на Фиренца: Италијанска базилика во која почиваат луѓе кои го променија светот

Гордоста на Фиренца: Италијанска базилика во која почиваат луѓе кои го променија светот

Basilica di Santa Croce се наоѓа на истоимениот плоштад во Фиренца. Станува збор за една од најголемите цркви од овој вид во светот. а во нејзиниот комплекс спаѓаат и 16 капели декорирани со фрески и гробници.  Црквата е оригинално изградена во неугледен (или помалку угледен) дел на градот во крајот на 13-тиот век, а во 19-тиот станала јавно добро после темелна реконструкција. После уште една „рунда“ на реконструкции во 2017 година, оваа базилика светнала во нов сјај.

basilika1

basilika2

Овде посетителите можат да ги видат делата на вајарот Канова, приказот на распетието на славниот сликар Чимабуе, скулптурите на вајарот Донатело и други. Иако овде се наоѓа саркофагот на Данте, треба да се каже дека неговите останки не се во базиликата, иако овде постои и спомен плоча. Но, овде се посмртните останки на славниот Микеланџело, научниот Галилео Галилеј, филозофот Макијавели, композиторот Џоакино Росини и други. Затоа оваа базилика го носи величенствениот прекар „Храм на италијанската слава“.

basilika3

 

Испрати коментар

Scroll To Top