Насловна / Вести / Крагујевац, Србија: Нема веќе градење без садење!

Крагујевац, Србија: Нема веќе градење без садење!

Еден убав пример доаѓа од соседството. Имено, Крагујевац е првиот град во Србија кој забрани изградба на објекти без садење на дрвја. Ова е едногласна одлука на сите членови на Советот на градот, со која намерата е да се подобри квалитетот на живот. Попрецизно, за секој новоизграден објект со површина до 1.000 метри квадратни, инвеститорите треба да посадат 10 нови стебла во градот. За површина над 1.000 метри квадратни, треба да се посади уште по едно дрво за секои 500 квадрати.

kragujevac

Забрзаната урбанизација на овој град во последните години, доведе до ситиуација на секој чекор да никнуваат резиденцијални и деловни објекти. Само во минатата година биле изгдадени 1.389 одобренија за градење. Крагујевац со оваа одлука сака да се развива штитејќи ја зелената инфраструктура со амбиција да биде „зелен“ град. Примената на оваа одлука почнува од 1-ви септември 2022 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top