Во Берлин во тек е изградбата на огромен акумулатор на топлинска енергија, во вид на масивна челична кула висока 45 метри и со волумен од 56 милиони литри топла вода. Сместена во една од една од производните погони на енергетската компанија Vattenfall, оваа постројка ќе биде најголема од ваков вид во Европа, кога ќе биде завршена на крајот од годинава. Се очекува значително да помогне во затоплувањето на домаќинствата во Берлин во претстојната зима, со оглед на актуелната состојба со снабдувањето со гас од Русија.
Постројката чини 50 милиони евра, а има термален капацитет од 200MW. Освен во зимски услови, има своја намена и за лето, кога ќе овозможи снабдување со санитарна топла вода.