Насловна / Вести / Во Аеродром паркирањето проблем, а жителите не знаат како да се плати сметката за трето возило

Во Аеродром паркирањето проблем, а жителите не знаат како да се плати сметката за трето возило

Во Општина Аеродром во тек е ревизија на договорите на сопствениците на возила со Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје. Поради лошото урбанистичко планирање, следено со профитерските интереси на градежните компании, сопствениците на локации и општинарите, се врши ревизија на договорите за паркирање со станарите во старите згради, каде паркинзите се предвидени соодветно урбанизмот (кога се работел професионално) направен за истите.

312

Но, по експанзијата на градбата во општината, паркирањето е проблем насекаде, а во зона Д7 особено, поради новоизградената зграда кај „Мајчин дом“, која не ги исполнува условите за паркирање во сопствена градежна парцела, соодветно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Според податоците на Градски паркинг- Скопје, зона Д7 содржи 740 паркинг места. Објектот кај Мајчин дом само делумно обезбедува паркирање во сопствена градежна парцела, а содржи 248 стана распоредени по катовите (што е 1/3 од вкупниот број паркинг места во Д7).

124

Приземјето е со намена Б2 -големи трговски единици (Тинекс и Сетек), што според Правилникот значи едно паркинг место на секои 70 квадратни метри вкупно изградена површина.  Зачудува фактот како станбениот објект добил Одобрение за градење, а условите за паркирање не се исполнети. Општината најави дека просторот позади „Мајчин дом“, кој беше јавно зеленило, а во меѓувреме се претвори во импровизиран паркинг во кал, ќе стане паркинг затоа што објектот го поремети предвиденото паркирање за останатите објекти. Во јануари градоначалникот на Општина Аеродром изјави: „На иницијатива на станарите од зградата кај Мајчин дом денеска одржавме средба со граѓаните од овој дел на Општина Аеродром. Тие ги соопштија нивните тековни проблеми од кои најголем проблем им е паркинг просторот. Во текот на 2022 година ќе ја почнеме и завршиме постапката за асфалтирање и обележување на просторот зад Мајчин Дом и на тој начин ќе обезбедиме нови 56 паркинг места“. Граѓаните прашаа кој е тој простор што ќе ги обезбеди најавените паркинг места? Дали ќе се жртвува зеленило? Одговор не добија.

а1_resize

Поради популизам,  Градски паркинг- Скопје дозволува жителите на општината без надомест да се паркираат на сите паркинзи во општината со ознака Д, со што дополнително се придонесува за хаосот во паркирањето, наместо да биде дозволено паркирање само пред зградата во која сопственикот на возилото е станар.

Ревидираните договори предвидуваат наплата на паркинг за трето возило, а за да се изврши наплатата на корисниците не им се доставува сметка, ниту се известени за дозволен период во кој истата треба да се плати, всушност што е постапката за сите останати сметки за комуналии кои граѓаните ги плаќаат за се` според Законот за заштита на потрошувачите. Жителите се обраќаат до канцеларијата на Градски паркиг во општината за доставување сметка до корисниците и временски период за наплата, но остануваат без одговор.

20220123_135832

Законот за заштита на потрошувачите

Сметка

Член 20

Трговецот мора за продадениот производ, односно извршената услуга напотрошувачот да му издаде фискална сметка, односно јасно видлива и читливо напишана сметкопотврда или фактура, доколку со друг пропис поинаку не е определено.

Трговецот мора на потрошувачот да му овозможи проверка на точноста напресметаниот износ по однос на квалитетот и количината на купениот производ, односно извршената услуга.

За издавање на сметката од ставот 1 на овој член не е дозволено дополнително да се наплатува.

Испрати коментар

Scroll To Top