Насловна / Архитектура / Куќа која ужива во природата

Куќа која ужива во природата

01-Solling-treehouse

Пристапот до имотот е спроведен преку шумска патека која поминува низ поток и неколку мали езерца. Куќата, дизајнирана од Marku Bollen, е обновена со голем труд и посветеност кон нејзиното опкружување. Ѕидовите од природен камен, ново засадените дрвја, и двете големи вештачки езера го претвориле местото во рај за љубителите на природата како и за целата флора и фауна. Клиентите сакале куќа на дрво која ќе поттикнува радост и уживање кај нивниот син и пријателите.

Токму местото опкружено со смреки покрај понискиот од двата базени е избрано да се постави оваа куќа, така што многу брзо се донела одлуката таа да се развие на два ката и со нејзината тераса да воспостави конекција со крајбрежјето на езерото.

Скалите што ја поврзуваат терасата со брегот се сместени на самиот раб на водата. Од оваа гледна точка тесната палуба личи како да лебди над водата на езерото. Тука посетителот може да влезе во собата од долното ниво, така што преку уште едни надворешни скали може да влезе директно во просториите за спиење.

10-Solling-treehouse 09-Solling-treehouse 08-Solling-treehouse 05-Solling-treehouse 04-Solling-treehouse 02-Solling-treehouse

Испрати коментар

Scroll To Top