Она што требаше да биде најголемиот крузер на светот според бројот на патници, сега е на пат кон отпад, пред да добие можност да плови по морињата.
Со капацитет од 9.000 патници и 20 палуби, „Глобам дрим 2“ беше проектиран со отворен аква парк и огромно кино, но никогаш не го напушти бродоградилиштето.
Неговата изградба ја изведе германско-хонгконгшката компанија „МВ Верфтен“ и беше речиси завршена пред компанијата да прогласи банкрот на почетокот на годината.
Купувач за џиновскиот брод не е пронајден, а германскиот специјализиран магазин Ан Борд пишува дека моторите и некои други делови ќе се продаваат, додека остатокот од трупот оди во старо железо.
Сестринскиот брод „Глобам дрим“, исто така е на продажба, но не се планира негово демонтирање.
И двата брода моментално се наоѓаат во германското бродоградилиште, но часовникот отчукува, бидејќи компанијата „МВ Верфтен“ го продаде бродоградилиштето во Визмар на компанијата „Тисенкруп“, која планира да го пренамени бродоградилиштето и да конструира воени бродови.