Насловна / Вести / Европскиот парламент бара построги правила за намалување на емисиите на штетни гасови

Европскиот парламент бара построги правила за намалување на емисиите на штетни гасови

Европскиот парламент го усвои извештајот во кој се бара да се воведат построги контроли и правила, кога станува збор за намалување на емисиите со ефект на стаклена градина, за сите земји членки. Како што пренесуваат светските медиуми, сите држави членки ќе мораат во согласност со новите прописи, да ги намалат емисиите на гасови во опсег од 10 до 50%.

emissions1

Според зборовите на членовите на Парламентот, на овој начин се поставуваат исти правила за сите кои емитуваат штетни гасови во Европа. Секоја држава може самостојно да оди кон остварување на своите климатски цели како што и одговара, доколку се ускладени со правилата на Европската Унија. Новите правила воведуваат и поголема транспарентност кога станува збор за процесот на намалување на емисии. Европскиот парламент бара и поголеми ограничувања во трговијата со дозволите за емисии помеѓу државите членки, како и насочување на приходите од тргување со емисиите во климатски проекти. Исто така, се бараат и поголеми контроли врз емисиите од постројките на биомаса, со цел да не се случи користењето на одржливи горива да емитува поголеми емисии од фосилните горива.

emissions2

Испрати коментар

Scroll To Top