Турција е на врвот на листата на ЕУ како стратешки партнер за алтернативни извори за снабдување со нафта и гас. Земјата е како создадена за улогата на „енергетски центар“. Има извонредна географска положба, на раскрсница меѓу Европа, Кавказ, Централна Азија, Блиски и Среден Исток. Од појавувањето на кризата во Украина, Турција е се повеќе во фокусот на ЕУ. За тоа има и други причини. Во текот на 2010 и 2011 година земјата остварила економски раст од 10%, а има и поволна структура на населението, т.е просечна старост од 28 години. Поголем број енергетски мултинационални компании се заинтересирани за инвестирање.