Насловна / Вести / Договорено е северот на Косово повторно да се снабдува со електрична енергија од Србија

Договорено е северот на Косово повторно да се снабдува со електрична енергија од Србија

Србија и Косово, ја усвоија мапата на патот за примена на двете енергетски спогодби постигнати во 2013 и 2015 година, со посредство на Европската унија. Регулаторната канцеларија за енергетика на Косово ќе издаде дозвола на „Електросевер“ фирмата ќерка на „Електропривреда Србије“ (ЕПС) да снабдува со електрична енергија четири општини на северот на Косово со мнозинско српско население.

elektrosever1

Документот предвидува „Електросевер“ да потпише спогодби со KOSST и KEDS со кои ќе ги прифати правилата на косовскиот пазар на електрична енергија и балансната одговорност, како и договор за поврзување на мрежа и комерцијален договор за пружање на дистрибутивни услуги (пресметка, наплата, одржување и поврзување на потрошувачите) во четирите општини. Во случај на непочитување на договорените заклучоци, косовската регулаторна агенција може да одлучи да ја суспендира или повлече дозволата за снабдување дадена на „Електросевер“. Исто така се истакнува дека успешната имплементација на договорената мапа на патот не влијае на обврската на двете страни во целост да ги применуваат споменатите енергетски спогодби од 2013 и 2015 година.

elektrosever2

Испрати коментар

Scroll To Top