Насловна / Вести / Кина тврди дека ќе донесе примероци од Марс на Земјата две години пред NASA

Кина тврди дека ќе донесе примероци од Марс на Земјата две години пред NASA

Кинеската вселенсска агенција сака да ја реализира мисијата за транспорт на примероци од Марс на Земјата до 2031 година, две години пред тоа да го стори американската вселенска агенција NASA во соработка со Европската вселенска агенција (ESA). Главниот проектант за мисијата Tianwen-1, односно за орбитерот и роверот, зборувал за профилот на мисијата во текот на презентацијата одржана на 20-ти јуни. Профилот на мисијата покажува како од Црвената планета ќе бидат извршени две одвоени лансирања на крајот на 2028 година, со цел транспорт на примероците на Земјата во јули 2031 година. Во кинеската мисија ќе се користи поедноставна платформа во однос на мисијата на NASA и ESA, ќе се изврши едно слетување на Марс, а потоа ќе се соберат примероци од едно место. Мисијата се развива на успехот на кинеската лунарна мисија Chang’e-5 од 2020 година, за носење примероци од тлото на Месечината. Кина сака да стане една од водечките вселенски сили покрај САД и Русија.

mars1

mars2

mars3

Испрати коментар

Scroll To Top