Насловна / Вести / Navagio: Плажата од најубавите разгледници

Navagio: Плажата од најубавите разгледници

На островот Закинтос, во увалата Navagio е сместена една од најубавите плажи на Грција, но и на светот. Станува збор за песочната плажа Navagio, која ја красат спектакуларни бели брегови и кристално синото Јонско море. Специфичната локација на северозападниот дел на островот ја крие плажата од љубопитните погледи, што придонесува за нејзината популарност. Покрај тоа, до неа може да се стигне само со брод, што и дава доза на мистерија и ексклузивитет. Главна атракција на оваа плажа се остатоците од бродот Panaqgiotis, кој тука се насукал во октомври 1980 година поради големо невреме. Иако постоеле гласини дека тој брод криумчарел цигари и алкохол (од подрачјето на поранешна Југославија), тоа никогаш не било докажано. И покрај тоа, Navagio често ја нарекуваат и увала на криумчарите.

navagio1

navagio2

navagio3

navagio4

navagio5

Испрати коментар

Scroll To Top