Снабдувањето со енергија од обновливи извори добива се поголемо значење особено во време на енергетскава криза во Европа. Соочувањето со високите цени на нафтата, електричната енергија и гасот, има за псоледица сериозно негативно влијание врз граѓаите и економијата во Европската унија. На состанокот на Европскиот совет одржан на 24-ти и 25-ти март оваа година, соопштено е дека државите членки заедно со Европската комисија ќе работат на заедничко купување на водород и течен природен гас.
Регионот на Западен Балкан истовремено минува низ енергетска криза и заедничкиот пристап овозможува полесно финансирање на зелената енергија и напуштање на користењето на јагленот. Петтата по ред инвестициска конференција SEE ENERGY- Connect & Supply на тема „Западен Балкан во пресрет нa новите енергетски предизвици“ ќе биде одржана на 12-ти и 13-ти октомври оваа година во хотелот Sheraton во Нови Сад.
Организаторите, Националната асоцијација за биомаса SERBIO и Европската банка за обнова и развој (EBRD), во текот на дводневниот настан ќе ги претставaт состојбите, моменталните предизвици, како и идните проекти и потенцијални решенија во идната енергетска транзиција во целиот регион на Западен Балкан. Над 40 енергетски стручњаци, претставници на инвеститори и државни институции од Србија, БиХ, Македонија, Црна Гора, Албанија, Словенија и други земји, ќе зборуваат за најактуелната тема во моментот – регионалната енергетска ситуација, цените на нафтата, гасот и електричната енергија, презентирајќи решенија, технологии и извори на финансирање. Австрија е овогодишен партнер на конференцијата, па ќе бидат претставени повеќе австриски производители на опрема и компании кои нудат услуги во областа на енергетиката.