Насловна / Вести / LUMI – најмоќниот суперкомпјутер во Европа

LUMI – најмоќниот суперкомпјутер во Европа

Фински стручњаци го покренаа LUMI, најмоќниот суперкомпјутер во Европа и трет според перформансите во светот, кој воедно е и енергетски ефикасен. Суперкомпјутерот LUMI ќе биде корисен за истражувања во подрачјето на медицината, вештачката интелигенција, климатските промени, обновливата и фузиона енергија. Сместен во стара фабрика на околу 500 километри северо од Хелсинки, суперкомпјутерот со големина на кошаркарски терен е еквивалентен на два милиони лаптоп компјутери.

lumi1

lumi2

LUMI е проект на Европската организација за компјутерска технологија со високи перформанси  (EuroHPC JU) и 10 европски земји – Финска, Белгија, Чешка, Данска, Естонија, Полска, Шведска, Швајцарија, Исланд и Норвешка. Суперкомпјутерот чини 200 милиони евра, од што Финска обезбедила една четвртина, а другите партнери го обезбедиле остатокот. Локацијата е избрана поради ладната клима, па потребно е помалку енергија за ладење на суперкомпјутерот. Целата електрична енергија LUMI ќе ја добива од хидроцентрали, а топлината која ја генерира ќе се користи во мрежата на далечинско греење. Суперкомпјутерот ќе можат да го користат академските истражувачи од целиот свет, а една петтина од неговиот капацитет е резервирана за приватни компании. Од овој суперкомпјутер во моментот во светот се побрзи само американскиот Summit и јапонскиот Fugaku.

lumi3

Еден коментар

  1. Редно беше, но подобро би било ваква машина за домашна употреба со доза на висока заштита од хакерски и било какви системски иследувања…

Испрати коментар

Scroll To Top