Насловна / Вести / Претворање на облакодер во гравитациска батерија

Претворање на облакодер во гравитациска батерија

Обновливите извори на енергија не се секогаш достапни, па складирањето на енергијата ќе биде од исклучителна важност во наредните децении. Истражувачите од Меѓународниот институт за применета системска анализа (IIASA) во Виена, осмислиле фасцинантно решение, предлагајќи облакодерите да се претворат во огромни гравитациони батерии, за исклучително ефтино скалдирање на енергија. Нивната идеја е сосема едноставна – вишокот обновлива енергија може да се складишти како потенцијална енергија. Таа енергија потоа мoже да се ослободи со употреба на гравитацијата за покренување на некој вид генератор.

lest1

 

Многу системи на лифтови во високите згради се проектирани со регенеративни системи за кочење кои „собираат“ енергија додека лифтот се спушта. така што на нив ефективно може да се гледа како на однапред инсталирани генератори на енергија. Lift Energy Storage System (LEST) би ги користел постоечките системи на лифтовите, како и празните простори во целата зграда. LEST би го користел секој застој на лифтовите за поместување на тешки предмети од дното на врвот на зградата, кога вишокот на обновлива енергија е достапен, односно од врвот до дното кога таа енергија е потребно да се користи или да се даде во електричната мрежа.

lest2

Истражувачите сметаат дека за ваков систем е потребно да се направат серија автономни роботи кои би внесувале и изнесувале тегови од лифтовите. Тие ќе можат ад се чуваат долж ходниците, во празни станови и канцеларии или во наменски простории, доколку зградат се планира имајќи го предвид овој систем. Притоа, секоја зграда треба засебно да се проучува. Колкава тежина можат да издржат горните катови и постои ли место за поставување на теговите без да пречат?

lest3

Трошоците за складирање на енергија на LEST се проценуваат во опсегот од 21 до 128 долари по kWh, што значително зависи од височината на зградата. Заради споредба, Националната лабораторија за обновлива енергија овој трошок во 2020 година го проценила на 345 долари по kWh, и претпоставка е дека истиот нема да падне под 100 долари по kWh до доцните 2040-ти години. Тимот на IIASA проценува дека моменталниот капацитет на облакодерите би можел да биде претворен во енергија доволна за едномесечно снабдување на Њујорк.

Испрати коментар

Scroll To Top