Насловна / Архитектура / Кадрирање на небото

Кадрирање на небото

241504_1_600

Куќата што се идентификува под името „Кадрирање на небото“ се наоѓа во Јапонија, а е проектирана од страна на студиото Atelier Tekuto. Архитектите се одлучиле на отворен кров, со тоа што ги задржале чистите фасади во делот за живеење.

Дизајнот е направен за да се добие што е можно поголемо количество дневна светлина во внатрешноста на куќата, наместо едноставно да се користи вештачко осветлување. Целосно земено, куќата е навистина тесна и опкружена со други структури на две страни кои ја ограничуваат можноста за отворање на прозорски отвори на вообичаените позиции. Архитектите ги согледале овие ограничувања и сепак изработиле перфектен план кој пропушта големо количество дневна светлина.

Прозорскиот покрив е толку голем што светлосните зраци можат да пробијат до дното на самата внатрешност, што е многу корисен дизајн во просторот за живеење.

241504_3_600 241504_2_600

Испрати коментар

Scroll To Top