Со цел да им се помогне на Филипинците во областа погодена од смртоносен тајфун во ноември 2013 година, тимот на Шигеру Бан констуирал дрвени колиби за привремен престој на бездомните луѓе.
Архитектонската фирма е позната по своите напредни размислувања кога станува збор за градење на нешто од ништо. Во минатото тимот градел буквално сè, од картонски цркви до pop-up продавници. Сега, Шигеру Бан ги вложува своите вештини во паметна употреба на ваквите хартиени куќи, кои се опкружени со стари гајби од Кока-Кола кои ја спречуваат влажноста во внатрешноста. Применетата дизјнерска рамка овозможила куќите да се постават побрзо од вообичаено, односно за пократко време се постигнал поголем број на засолништа за оние што им е потребно.