Официјалниот постер за 2022 FIFA World Cup, дело на катарската уметница Bouthayna Al Muftah, беше претставен во средата на Hamad International Airport во Доха. Овој главен постер прикажува традиционална марама фрлена во воздухот, која го симболизира славењето на фудбалот низ Катар и низ арапскиот свет. Седумте пропратни постери ја прикажуваат страста кон фудбалот и игрите како нешто што ги поврзува семејствата.
Директорот за маркетинг на FIFA, Jean-François Pathy, рекол: “Официјалниот постер за Qatar 2022 е рефлексија на атмосферата на уметничкото и фудбалското наследство на земјата. Многу сме горди што оваа прекрасна серија постери е дело на жена уметник токму од овие простори“. Светскиот фудбалски куп 2022 година ќе с еодржи во периодот од 21 ноември до 18 декември на повеќе локации и стадиони во Катар.