Насловна / Вести / УНЕСКО го предложи регионот Охрид – Преспа за Биосферен резерват

УНЕСКО го предложи регионот Охрид – Преспа за Биосферен резерват

ohrid prespa

Стручниот Комитет на УНЕСКО, разгледувајќи ја номинационата форма за прогласување на Охрид – Преспа за Биосферен резерват, даде препорака и одобрение до интернационалниот Совет на УНЕСКО, да го прогласи македонскиот и албанскиот дел на регионот Охрид-Преспа за Биосферен резерват заради неговото уникатно значење и вредности кои ги содржи.
Стручниот комитет, исто така, препорача во моментот штом грчката страна изрази волја да се приклучи кон Биосферниот резерват веднаш да стане дел од прекуграничниот Биосферен резерват.
Интернационалниот Совет на УНЕСКО својата седница на која на дневен ред е прогласувањето на Охрид-Преспа за Биосферен резерват, ќе ја одржи на 10 и 11 јуни во Јонкепинг во Шведска.

Испрати коментар

Scroll To Top