Насловна / Вести / Во март издадени 253 одобренија за градење

Во март издадени 253 одобренија за градење

dozvoli za gradenje mart

Во март годинава се издадени 253 одобренија за градење, што е за 9,5 проценти повеќе во однос на март минатата година. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите изнесува 21.644.061.000 денари, што е за 683,6 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Зголемената предвидена вредност, посочува ДЗС, се должи на капиталните проекти за изградба на новите две автопатски делници, како и за рехабилитација на дел од железничката пруга.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 196 (77,5 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 30 (11,8 проценти) за објекти од нискоградба и 27 (10,7 проценти) за објекти за реконструкција. На 114 (45,1 процент) инвеститори се физички лица, а на 139 објекти (54,9 проценти) деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 592 станови, со вкупна корисна површина од 65.077 метри квадратни.

Испрати коментар

Scroll To Top