Еден од најочекуваните нови делови на гастрономската понуда и забава на црногорското приморје – Buddha-Bar Beach Porto Montenegro ги отвори вратите за гостите кон крајот на мај и донесе нова димензија на летна забава за жителите на Порто Монтенегро и за сите посетители.
Новоотворениот Buddha Bar Beach се наоѓа на реномираната спектакуларна локација PMYC pool, добро позната на гостите на овој меѓународен комплекс. Малку се амбиенти кои повеќе се споменуваат на Инстаграм од овој спектакуларен 64-метарски infinity базен во Порто Монтенегро, со нереално убавиот Бокакоторски Залив во позадина. Базенот е украсен со импозантна скулптура висока три метри наречена „8 можности“ на познатиот каталонски уметник Хаиме Пленсе.
Концептот Buddha-Bar Beach, веднаш покрај базенот, комбинира врвен ресторан и Lounge Bar со ненадмината глетка на Бока Которска. Гостите на ресторанот можат да ги израдуваат своите сетила со специјалитети од еклектичното мени, кое ги вклучува најдобрите локални состојки со азиски печат и уживаат во изобилство од свежа риба и морски плодови во комбинација со егзотични и ориентални ароми од далечните земји.
За хедонистите – ова лето е можност да ги прошират своите кулинарски хоризонти на место каде гостувачки меѓународни готвачи служат совршенство во текот на целата сезона.
Како гости на едно од најисчекуваните нови места за разонода на црногорскиот брег, можете да очекувате извонредно искуство на одмор и најдобро од угостителството, дизајнот и забавата, со светски позната музичка подлога што го карактеризира Buddha-Bar концептот, креативни коктели и одлична кујна. Предвиден е возбудлив календар на настани како дел од Buddha-Bar Beach, во кој гостите можат да уживаат во текот на летото. Благодарение на DJ сетови и извонредната атмосфера, посетителите ќе искусат единствена музичка атмосфера, карактеристична за Buddha-Bar Beach.