Насловна / Вести / Градот Марибор сака да го купи ски центарот Похорје за да го спаси од стечај?

Градот Марибор сака да го купи ски центарот Похорје за да го спаси од стечај?

mariborsko pohorje_2

Градоначалникот на Марибор, Андреј Фиштравец, предложи вчера туристичката компанија Похорје, која управува со хотелите и жичниците на најголемиот словенечки ски центар, да премине во сопственост на градот, за да не оди во стечај. Фиштравец на Друштвото за управување со побарувања на банките (Dutb), коешто го презеде спортскиот центар Похорје и неговите долгови кон банките, испратил необврзувачка понуда според која градот Марибор би ја откупил оваа фирма за 10 милиони евра, заедно со постоечките обврски кон банките.
„За општината Марибор секое друго решение е подобро од стечај на оваа фирма со повеќе од стотина вработени“, изјавил градоначалникот, пренесува Финанце.
Dutb купи 97,3% од акциите во компанијата, а сопственик на останатите 2,7% е јавното претпријатие Мариборски водовод.mariborsko pohorje_1

Испрати коментар

Scroll To Top