Насловна / Вести / Врз основа нa еколошката процена, SpaceX мора да направи десетици измени на постројката Starbase

Врз основа нa еколошката процена, SpaceX мора да направи десетици измени на постројката Starbase

Федералната агенција за авијација (FAA) и наложи на компанијата SpaceX да направи низа промени со цел исполнување на еколошките барања пред издавањето ан дозволата за проширување на постројката Starbase која се наоѓа во Тексас. FAA побарала од SpaceX да направи вкупно 75 измени пред да добие дозвола за лансирање на ракетите на Марс и на Месечината. Starbase се најде во средиште на контроверзи, откако директорот на компанијата Илон Маск ги откри своите планови за спојување на околното подрачје кон постоечката постројка.

starbase1

Сепак, се чини дека FAA одговара со „жолто“ а не со „црвено“ светло, бидејќи не е утврдено значајно влијание на плановите за орбиталните лансирања на леталото Starship и ракетата Super Heavy. Попрецизно, агенцијата утврдила дека нема значајни еколошки последици, но сепак побарала одредени промени со цел намалување на негативното влијание врз животната средина. FAA ќе му дозволи на SpaceX само пет орбитални лансирања годишно, како и пет суборбитални лансирања и тестови. Многу од предложените промени се однесуваат на Boca Chica Beach, блиската јавна плажа која е затворана при тестирањата на Starship. Проблеми има и во врска со затворање на улицата во близина, за што е поставено ограничување од 500 часа годишно.

starbase2

 

Испрати коментар

Scroll To Top