Холандската компанија Lightyear го претстави, како што самата тврди, првиот соларен автомобил на светот спремен за производство. Моделот Lightyear 0ne е семејна лимузина со вградени 5 квадратни метри соларни панели, кои можат да обезбедат енергија за 70 km возење дневно. Холандската компанија со 500 вработени склулила договор со над 100 добавувачи и има намера да започне со производство на овој електричен автомобил на соларна енергија. Освен соларните панели, автомобилот има и бетарии кои овозможуваат автономија до 560 km.
Производителот истакнува дека коефициентот на отпорот на воздухот на овој автомобил е 0,19, што го прави најаеродинамичниот семеен автомобил кој досега е направен. Но, наспроти ефикасноста, перформансите не се токлу импресивни. Имено, потребни му се полни 10 секунди за да забрза од 0-100 km/h, а достигнува максимална брзина од само 160 km/h. Што се однесува до ентериерот, возилото има пет седишта и изработен е од материјали од растително потекло, рециклирани PET шишиња и ратан палма.
Уште еден податок не му оди во прилог, а тоа е цената. Компанијата вели дека ќе бидат произведени само 946 примероци кои ќе се продаваат по цена од 250.000 евра, а испораките ќе започнат во ноември. Меѓутоа, доколку комплетната серија на возила се распродаде, компанијата вели дека ќе продолжи со развојот, па би се очекувало во 2025 година, овој модел да чини 30.000 евра.
Цената е 150k, не 250k