NASA именувала две комерцијални компании, на кои им понудила 3,5 милијарди долари, да произведат нови вселенски одела, кои ќе се користат за мисиите на Месечината. Тимовите кои ги предводат Axiom Space и Collins Aerospace, добиле договори во вредност од 3,5 милијарди долари, за развој и испорака на вселенски одела на новата генерација, наменети и за првите астронаути на NASA кои ќе се вратат на Месечината после 50 години.
Новите одела ќе го заменат постоечките, кои со текот на времето се модифицирани, но во основа се работи за дијан стар 45 години. Крајниот резултат од оваа бизнис соработка, ќе бидат две единствени понуди ан вселенски одела кои ќе се натпреваруваат за правото NASA да ги користи на Меѓународната вселенска станица, лунарните мисии и програмата Artemis, како и за идните мисии на Марс.