Насловна / Вести / Европскиот парламент ја одложи одлуката за воведување на прекуграничниот данок на јаглерод диоксид – CBAM

Европскиот парламент ја одложи одлуката за воведување на прекуграничниот данок на јаглерод диоксид – CBAM

Ревизијата на системот на Европската унија за тргување со емисии (EU ETS) во моментот е во застој. Европскиот парламент гласаше против предлогот овој механизам да се прошири на компании со кои би биле опфатени вкупно 61% од емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, во споредба со моменталните 43%.

cbam1

Овој изненадувачки исход ги потопи и осмислените законски решенија за воведување на Механизмот за прекуграничко оданочување на јаглеродот, односно данок на CO2 за увозната струја и одредени видови на стоки. Клучниот дел од пакетот би требало да води кон намалување на бројот на дозволи за емисија на јаглерод диоксид кои се во оптек. Fit for 55 е иницијатива за закони и прописи кои ќе овозможат годишните емисии најдоцна до 2030 година да се намалат за 55%. CBAM финансиски ќе ги погоди земјите на Западен Балкан и Турција, но тој механизам е замислен со цел поттикнување на овие земји кој побрза декарбонизација особено во енергетскиот сектор, и во енергетски интензивните индустрии вклучувајќи ги цементната и челичната.

cbam2

Испрати коментар

Scroll To Top