Еден од најомилените цртани ликови Пајо Паторот (Donald Duck) денес полни 88 години. Многумина не знаат како му е средното име, додека некои се прашуваат зошто никако да се ожени со Пата.
Славниот Пајо Патор го имаше своето деби на девети јуни 1934 година во седумминутниот анимиран филм на Дизни „The Wise Little Hein“, во кој се појави во морнарска капа и кошула и лептир машна.
Тој остана верен на својот стил на облекување (никогаш не носи панталони, но носи костими за капење само кога оди на пливање) речиси девет децении.
Редовно го придружува и неговата девојка Пата (воведена во 1937 година), внуците Рајо, Гајо и Влајо и вујкото Бајо – богат скржавец.
Во оригинал – гласот на Пајо му го дал Кларенс Даки Неш.
Овој патор се појавил во речиси 200 филмови и е еден од најобјавуваните стрипови во светот.
Се смета дека според карактерот е создаден како своевидна противтежа на ликот на Мики Маус, кој „пленел со совршено и смирено однесување“.
Во друштво на Мики, Мини Маус, Хорацие, Шиљо, Белка и Плутон, авантурите на Пајо Паторот на екранот или во стриповите ги следат сите генерации.
Малку е познато дека креаторот на Пајо Паторот, Волт Дизни, му го дал средното име Фанталреј, а овој фиктивен херој има и ѕвезда на познатата патека за славните во Лос Анџелес.
Огромната популарност на Пајо во 2002 година му обезбеди место на листата на ТВ водич на 50-те најголеми цртани ликови на сите времиња.