Насловна / Арт и дизајн / Изобилство на линии, перфекција во формата

Изобилство на линии, перфекција во формата

1452315_10151835397522620_1620791345_n

Креативноста не произлегува од скапите материјали туку напротив, тоа е способност како во банален предмет да препознаеш потенцијал за нешто друго, да ја извртиш сликата што ќе даде една сосема нова димензија. И овој пат кафе-барот Концепт 37 ги вдоми крациите на еден исклучителен талент.

На 7 мај првпат во тој простор, дизајнерката Маја Андреевска ги покажа своите беспрекорно изработени дела. Таа преку нежна игра на боите и дискретното изобилие на линиите ја истакнува формата на перфекција. Низ чипкана растреперливост речиси и да забораваме колку ли трпение е потребно да се изработи барем едно вакво дело. Кралството на формите внесуваат живот така што ги рафинираат чувствата, и се тоа во име на неизбежната потреба да се креира. Фасцинантниот и храбар избор на бои се само дел од ексцентричните форми добиени од стотици мали поединечни диплења и превиткувања. Маја најпрво започнала со наивно изработување на оригами, за подоцна се повеќе да ја заинтригира предноста и специфичноста на хартијата како и потенцијалот од нејзе да се создаде практичен предмет. Не секогаш се работи за обична хартија, некои од предметите се направени од реупотребени тетрапак амбалажи, кои верувам тешко е да се препознаат во финалниот производ.

Така се создадени овие прекрасни светлосни кутии кои се мал но многу шармантен декор во просторот. Креациите и во наредните 10 дена ќе бидат во исчекување на сите љубопитни и желни  за откривање на нови форми и идеи.

1467345_10152044853442620_760206281_n _MG_1375z _MG_1370 _MG_1356 _MG_1337 _MG_1328 _MG_1316

Испрати коментар

Scroll To Top