Насловна / Арт и дизајн / Норвешка отвора Национален музеј вреден 607 милиони евра

Норвешка отвора Национален музеј вреден 607 милиони евра

Биле потребни осум години за да се заврши комплексот згради во Осло, чиј проект го потпишува германскиот архитект Klaus Schuwerk, а кој ги собира збирките на пет норвешки музеи за уметност и дизајн под ист покрив. Овој нов музеј вреден 607 милиони евра, ќе биде отворен за јавноста следниот викенд, и така ќе ја открие својата богата постојана поставка на уметнички дела заедно со некои од најголемите светски музеи.

nmuseum3

На површина од 13.000 квадратни метри изложбен простор и 6.500 дела во музејската збирка, вклучувајќи го и „Вресок“ на Едвард Мунк, музејот ќе биде најголем во нордиските земји и во ист ранг на пример на „Гугенхајм“ во Билбао. Изградени од материјали кои ќе овозможат да траат со години, зградите на музејот се обложени со сино-сиви шкрилци, како и стакло и мермер. Проектиран да биде максимално енергетски ефикасен и со минимални емисии на стакленички гасови, музејот се грее и лади со вода од блискиот фјорд.

nmuseum5

 

Испрати коментар

Scroll To Top