Насловна / Вести / Енергетската криза – прва задача пред новата влада на Словенија

Енергетската криза – прва задача пред новата влада на Словенија

Кабинетот на новиот словенечки премиер Роберт Голоб, уште од првиот ден започна со осмислување на мерки за ублажување на ефектите од енергетската криза. Тој се залага за вистински социјално правична држава заснована на знаење. Еден од приоритетите на неговиот кабинет е фаќање во костец со инфлацијата во областа на храната и енергетиката.

slovenecka1

Голоб најави интензивни и одлучни долгорочни мерки фокусирани на енергетската криза и енергетската транзиција. Истакнува дека ќе се погрижи да нема „воени профитери“ во поглед на растечките трошоци за енергенти и храна и дека секој ќе превземе правичен дел од овој товар. Согласно коалицискиот договор, се воведува министерство за зелен развој и зелени политики, додека новото министерство за животна средина, клима и енергетика ќе се формира од делот на Министерството за инфраструктура. Неколку европски земји во изминатите години формираа министерства посебно одговорни за климатска акција. Во кабинетот на Голоб, министерка за дигиталална трансформација е Македонката д-р Емилија Стојменова Дух, вонреден професор на Електротехничкиот факултет во Љубљана.

slovenecka3

 

Испрати коментар

Scroll To Top