Прашањето на одржливоста и критериумите според кое производите и услугите можат да се наречат одржливи, станува многу често во последните неколку години. Но, одговорот не е едноставен и прецизен, па затоа не треба да изненадуваат и бројните злоупотреби и заблудите во кои се доведуваат потрошувачите, препознатливи под терминот greenwashing. Меѓутоа, во иднина тоа би требало да го спречи европската Уредба за таксономија, при што големи промени се очекуваат веќе годинава.
Иако топлинските пумпи веќе долго се сметаат за обновлив извор, односно одржливо решение з агреење и ладење, за нивните производители сега се појавува нов предизвик. Имено, според новите прописи, освен вредноста на т.н Coefficient of Performance (COP), за топлинска пумпа уредот ќе се смета само доколку користи еколошки ладилен медиум, односно оваа вредност на потенцијалот на глобално загревање (GWP) не надминува 675, што се смета за важен критериум во придонесот за остварување на климатските цели.