Насловна / Вести / Невиден хаос и проблеми на аеродромите низ Европа и САД

Невиден хаос и проблеми на аеродромите низ Европа и САД

Повеќе од 1.000 патници на аеродромот во Даблин минатата недела ги бакнаа вратите на авионите. Редиците за качување биле премногу долги, поради што ги пропуштиле своите летови. Сведоци сме на хаотични летови на аеродромите низ Европа и САД, а експертите ова го опишуваат како „совршена бура“, бидејќи по пандемиските мерки, одеднаш сите сакаат да патуваат.

2_resize

Токму поради овие мерки аеродромите и авиокомпаниите отпуштија многу работници на кои не успеваат да им најдат замена, пренесува „Јутарњи лист“. Поради ситуацијата на аеродромот во Даблин, владата побарала од директорот на аеродромот да смисли план за остатокот од летото. На несудените патници им ветиле дека ќе им ги вратат трошоците за пропуштените летови.

4_resize

Холандската авиокомпанија KLM минатата недела престана да продава билети четири дена, по хаосот на амстердамскиот аеродром „Схипхол“ во април и мај. На патниците кои не сакаат да се гужваат во долги редици им е понудена опцијата да ги сменат летовите. На англиските аеродроми Манчестер, Хитроу и Гетвик, редиците се протегаат и надвор од зградите. Згора на тоа, авиокомпаниите – особено British Airways, EasyJet  и Tui – масовно го губат багаж и откажуваат летови.

5_resize

Проблемот не е само во Европа. Американската Delta Air Lines, откажа повеќе од 500 летови за време на продолжениот викенд за Денот на сеќавањето. Најавија дека ќе откажуваат до 100 летови дневно за време на летото за да ги намалат пречките. American Airlines само во минатиот понеделник откажа повеќе од 100 летови.

0_resize

Уште во април, Кристофер Елиот од Американската асоцијација за заштита на потрошувачите го предвиде хаосот што ќе следи на американските и европските аеродроми.

„Мразам кога сум во право. Сè оди како што мислев. Се чини дека ќе биде уште полошо. Ова е само увертира во лудо лето. Цените на бензинот се уште се високи, побарувачката е рекордна и се оптоварува целиот систем, а ни недостасуваат пилоти. Компаниите сè уште не запослија персонал колку што е потребно“ вели Елиот.

1_resize

„Главна причина на проблемот е персоналот. Нередот не е ист во целата индустрија. Британскиот „Јет2“ има проблеми, но не на ниво на „British Airways“ или „EasyJet“, а и „Ryanair“ не е толку лош. Авиокомпаниите се бранат дека не добиле доволно предупредувања за повторното почнување на патувањата. Во тоа има вистина, но очигледно некои компании и аеродроми успеаа да се консолидираат, додека некои се во целосна катастрофа“, рече Рори Боланд, уредник на „Which? Travel?“ списание за патувања, додавајќи дека компаниите и аеродромите нема да успеат да вработат доволно персонал доколку не ги подобрат условите.

3_resize

„British Airways“ моментално нуди работа за услуги на копно на Хитроу со бонус од 1.000 фунти за пријавување. Во описот на работното место се наведува дека кандидатите мора да бидат подготвени и способни да работат во смени 24 часа на ден, седум дена во неделата, 365 дена во годината, да креваат товар до 32 килограми и да можат да се справат со работа во британските временски услови. Но, платата што ја нудат е под британскиот просек.

„Тешко е да се предвиди, но она што го знаеме е дека сè уште не сме го достигнале врвот на патувањата. Нема краткорочни решенија за недостигот на персонал. Со овие два услови, тешко дека компаниите ќе излезат со подобри решенија од откажување на летови“, заклучува Боланд.

Испрати коментар

Scroll To Top