Научниците од Stanford University, развиле фотонапонски модули кои функционираат и во текот на ноќта, односно кога нема сончево зрачење. Имено, во текот на денот тие ја апсорбираат сончевата светлина, со што се загреваат. во текот на ноќта ја зрачат акумулираната топлина – радијационо ладење. На тој начин се создава разлика во температурите помеѓу ладните модули и топлиот воздух, а со помош на термоелектричен генератор оваа температурна разлика се трансформира во електрична енергија. Решението лесно може да се примени и кај постоечките постројки.
Научниците истакнуваат дека модулите во текот на ноќта создаваат помала количина на енергија, но тврдат дека со понатамошни подобрувања има потенцијал овој учинок да биде 20 пати поголем.