Стручњаците за автомобилска индустрија анализирале над 72 милиони податоци за автомобили од различни брендови за периодот од 2019 до 2022 година во Европа, САD и Австралија, со цел да утврдат кои автомобили најмалку губат од својата првобитна вредност. Porsche, Jeep и Mini се трите брендови кои најмалу губат во вредноста низ годините, а најголемите губитници се Chrysler, Audi iи Seat.
Меѓу возилата кои задржуваат добар дел од својата вредност се и Hyundai и Toyota. Овие возила се барани кај купувачите на половни автомобили бидејќи обично немаат високи трошоци за одржување. Од друга страна, еден Chrysler просечно за 25 години губи 96,8% од својата вредност. Генерално, просечната старост при која возилата највеќе губат на вредноста е 20 до 23 години. Но тоа зависи од брендот. На пример, Porsche и Mini имаат најниска цена кога ќе наполнат 15 години, но потоа нивната вредност повторно расте. Isuzu, Suzuki, Kia и Dacia достигнуваат најниска вредност дури кога ќе наполнат 30 години. Доколку некој модел се смета за редок, вредноста на автомобилот значително може да се зголеми и покрај годините на старост. Во 90-тите години, BMW произвел само 891 примерок од моделот M5 E34 Touring. Од нив, 20 имале посебно име – Elekta и биле наменети за италијанскиот пазар, со посебна боја и стил на енетериерот. Потрагата по еден ваков модел денес е како барање игла во пласт сено. Колекционерите се подготвени да платат најмалку 100.000 американски долари за овој редок автомобил.