Компанијата Rimac Аutomobili собра 500 милиони евра во новиот круг на финансирање, кое го предводат Softbank и Goldman Sachs, како и постоечките акционери, вклучувајчи ги и Porsche. Тоа ја поставува вкупната вредност на овој хрватски производител на автомобили на над 2 милијарди евра. Најголемиот дел од новите средства ќе бидат вложени во проширување на производните капацитетии зголемување на обемот на технолошкото работење, со цел достигнување на 100.000 батерии годишно помеѓу 2024 и 2025 година.
Оваа компанија, која во моментот има над 1.500 вработени, сака да вработи уште 700 луѓе во оваа година, и истражува нови локации за своја фабрика. Италија е оценета како најповолна опција поради високата достапност на квалификувани работници. За Financial Times, сопственикот на компанијата Мате Римац го коментирал и проектот робо-такси во Загреб, кој се развива во последните три години, во засебната компанија Project 3 Mobility. Тој истакнал дека во последните две години сериозно се работи на прототиповите, а во јавноста ќе се објават повеќе детали кога ќе биде подготвена целокупната технологија. Минатата година, Римац изјави дека во 2024 година Загреб ќе има автономни такси возила.