Насловна / Вести / Siemens Mobility го финализира договорот за египетската железница долга две илјади километри

Siemens Mobility го финализира договорот за египетската железница долга две илјади километри

Конзорциум од Siemens Mobility, Orascom Construction и Arab Contractors потпишаа договор за создавање на две илјади километри брза железничка мрежа во Египет. Интегрираниот систем за луѓе и стоки ќе поврзува 60 градови низ земјата со возови кои можат да работат до 230 километри на час.

1 (1)

Се проценува дека завршувањето на сите аспекти на проектот ќе отвори до 40 илјади локални работни места. Уделот на Siemens Mobility од комбинираниот договор – најголем во историјата на компанијата – е 8,1 милијарди евра и вклучува првичен договор од 2,7 милијарди евра за првата линија потпишан во септември 2021 година.

1 (1)

Уделот на Orascom Construction во новопотпишаната фаза е 1,2 милијарди долари, што го зголемува нејзиниот вкупен удел од сите три линии на 1,8 милијарди американски долари.

Мрежата со голема брзина ќе се состои од три линии. Една од двете новопотпишани линии е маршрута од 1.100 километри меѓу Каиро и Абу Симбел во близина на границата со Судан, што го поврзува мега градот со растечките економски центри на југ. Една од линиите ќе биде долга 225 километри и ќе ги поврзува археолошките локалитети на светското наследство во Луксор со Хургада покрај Црвеното Море.

Покрај тоа, оваа железничка врска значително ќе ја подобри ефикасноста и одржливоста на товарниот транспорт за стоки и материјали меѓу пристаништето Сафага и локациите во внатрешноста.

1 (6)

Претседателот на Египет Абдел Фатах Ел-Сиси вели дека новата електрифицирана железничка мрежа доаѓа како консолидација на плодната соработка меѓу Египет и Германија на полето на инфраструктурата и ќе претставува вреден голем додаток на египетскиот транспортен систем, означувајќи го почетокот на нова ера за железничкиот систем во Египет, Африка и Блискиот Исток.

1 (3)

Претседателот и главен извршен директор на Siemens AG, д-р Роланд Буш, пак, додава дека можноста да му се обезбеди на Египет модерен, безбеден и достапен транспортен систем кој ќе го трансформира секојдневието за милиони Египќани, не само што ќе го промовира економскиот раст, туку и ќе овозможи на Египет да направи чекор напред во железничкиот транспорт.

АВТОР: САЊА ВЕЛКАКОВА

Испрати коментар

Scroll To Top